Министерот за правда, Бојан Маричиќ, учествуваше на јавната расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите по предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на која ја истакна важноста од усогласувањето на домашната правна рамка со Истанбулската конвенција и вистинската примена на овој значаен меѓународен документ за борбата со насилството врз жените.
Процесот на изготвување на законските измени за кои денес јавно дебатираме, беше максимално инклузивен и во него беа вклучени судии и јавни обвинители кои во пракса го применуваат овој закон, како и правни експерти и граѓанските организации. Земени предвид беа и препораките на релевантните тела на Обединетите нации, а пред се Комитетот за елиминација на дискриминација спрема жената, но и бројни компаративни искуства и извештаи од надлежниот комитет во рамките на Советот на Европа за следење на спроведувањето на Истанбулската конвенција – ГРЕВИО за евалуација на одредени држави – изјавил Маричиќ.
Според Маричиќ, со ратификувањето на Конвенцијата, земјава демонстрирала вистинска и искрена политичка волја да се справи со насилството врз жените.
Тоа се прави почитувајќи го најефективниот европски договор со кој може да се превенира насилството врз жените. Дополнително, овие измени и дополнувања кои сега ги носат, а се однесуваат на усогласување на Казнениот законик со Истанбулската конвенција, се испраќа порака дека Владата работи на исполнување на конкретните и задолжителни обврски за заштита на жените од насилство, преку воведување и примена на холистички пристап во имплементирање на истите – се вели во соопштението од Министерството за правда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.