Министерот за правда Бојан Маричиќ се вплетка во скандалот со криминалот во Управниот суд за кој пишуваше „Сведок“, па и тој, како и претседателот на судот Бурим Сејдини, наредил да се избришат записниците од контролите во Управниот суд, кои две години беа јавно достапни на сајтот на Министерството за правда.
Документот објавен од страна на порталот ги покажува загрижувачките состојби во Управниот суд констатирани уште пред две години од Комисија од правда, но за тоа никој до сега ниту побарал, ниту сносел одговорност.
Документот носи датум и број од 4.4.2019 година и речиси две години е јавно објавен документ, кој од пред неколку дена е избришан по налог на Маричиќ, обидувајќи се да го скре скандалот. Со алатката за пронаоѓање и враќање на избришани содржини од интернет, „Сведок“ го објавува избришаниот документ, со кој Маричиќ сакаше да го покрие срамот.
Повеќе на „Сведок“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.