Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервју за „360 степени“ одговараше на прашање за големите очекувања на граѓаните за правда и што е тоа што прво ќе можат да го видат на планот на промени во судството.
Во многу брз рок очекувам да започне интензивно оној процес на прочистување или зајакнување на одговорноста на судството, рече Маричиќ.
Тој најави дека во првите 100 дена од мандатот ќе биде утврден модел за ефикасно и објективно прочистување на судството.
Токму на тоа работиме во моментот. Затоа е важно сите да земат учество во овој процес – и Врховниот суд и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како директно одговорни за спроведување на овој процес, Државната комисија за спречување на корупцијата, Здружението на судии, Здружението на обвинители и сите останати комори коишто можат да придонесат во општиот впечаток. Најважно ќе биде утврдување на имотната состојба и потеклото на имотот на секој обвинител преку ДКСК и анализа на случаите – 5% по случаен избор, но и на случаите кои застариле, по која основа застариле, дали можеби има намерно непостапување на судиите или на обвинителите и тоа ќе биде првиот филтер. Мислам дека главната цел ни е да течат случаите брзо, ефикасно, со определена динамика која ќе си ја определат судиите, но да нема тактизирање, како што немаше со брзината на случајот „Рекет“, на случајот со Владимир Панчевски, така да нема тактизирање со ниту еден друг случај и работите да се расчистуваат брзо и ефикасно, секако согласно законот, рече Маричиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.