Министерот за правда Бојан Маричиќ од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Брисел. Предвидено е да се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и еврокомесарот за правда Дидиер Рејндерс.

Kако што соопшти Министерството за правда, тема на разговорите ќе бидат евроинтеграциите на земјата, реформите во судството и владеењето на правото.

Во Брисел, министерот за правда ќе има средби и со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата Михаела Матуела, како и со европратениците Тања Фајон и Ирена Јовева од Словенија, Тонино Пицула од Хрватска и Андреас Шудер од Австрија.

Ова е втора работна посета на Маричиќ на Брисел оваа година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.