Потребите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, подготовките на Република Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, како и зголемување на ефикасноста во постапувањето по предметите биле теми на разговор на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со јавната обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Маричиќ во разговорот, како што соопшти Министерството за правда, истакнал дека ќе биде поддршка во процесот на кадровското зајакнување со стручни соработници и подобрување на капацитетите на обвинителството со цел поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Во однос на почетокот на преговорите и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, Маричиќ истакна дека во фокусот на преговорите ќе биде судската и обвинителската пракса и имплементацијата на законите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.