Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретнал и разговарал со Ана, една од дeвoјките жртви на групата „Јавна Соба“. Како што соопштија од Министерството, Маричиќ и честитал на храброста јавно да проговори за нејзините премрежја и за нејзиниот јавен настап кој предизвика навистина силна општествена реакција.
Исто така, од Министерството за правда посочија дека денеска беа презентирани и законските измени кои Министерството веќе ги подготви, а со кој се воведува и ново дело кое ќе биде дополнителна заштита, меѓу другите и за вакви случаи. Поточно, ќе се додаде член во кој се вметнува терминот „Демнење“.
Имено, во нив меѓу другото се додава член, во кој се вметнува терминот „Демнење“ и се објаснува дека тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, соопштија од Министерството.
Маричиќ на Ана и порачал дека не е сама во оваа битка и дека сите жртви ја имаат целата поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.