Министерот за правда, Бојан Маричиќ, изјави дека прочистувањето во правосудството нема да се заврши преку ноќ и ќе трае подолго време, но дека се создадени сите предуслови за да има резултати.
Маричиќ додаде дека битката не е завршена, но дека се тргнати на вистински пат. Тој додаде дека ќе биде задоволен сите случаи на СЈО да имаат завршница.
Секако дека има правда, но дали е доволна, можеме да дискутираме. За разлика од пред неколку години, од првите „бомби“ наваму се отворија многу процеси и денес имаме различна ситуација, имаме попатни разочарувања, би рекол падови и напредок, но сите очекуваме да биде подобро. Во многу ситуации нема правда, во многу институции… За да се солидаризираме со граѓаните, тргнавме со идејата и за формирање на СЈО, за реформи во правосудството, за прочистување и сите напори се во таа насока. Битката не е завршена, но дека сме тргнати на вистински пат, трнати сме. Јас ќе бидам задоволен со правда сите случаи на СЈО да имаат завршница, кога ќе имаме издвојување на чесните судии и кога ќе функционира системот. Делумно сум задоволен од она што е направено до сега, но дека треба многу повеќе – треба – изјави Маричиќ, во гостување во Анализа 24 на ТВ 24.
Според него, веќе се разрешени десетина судии, а очекува резултати и од Советот на јавни обвинители.
Имаме десетина разрешувања на судии и очекувам тоа да се зајакне. Исто како што очекувам Советот на Јавни обвинители да ги преземе своите надлежности, тоа е желба за правда на граѓаните. Прочистувањето ќе трае, нема да се заврши преку ноќ, но сите предуслови за да имаме резултати се создадени. Можам да му честитам на Судскиот совет за резултатите, тоа не можемеда го кажеме за Советот на јавни обвинители, таму допрва треба да видиме резултати – изјави Маричиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.