Бојан Маричиќ, министерот за правда, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека државата подготвува, како што вели тој, квалитетна стратегија, откако Судот за човекови права побара од Владата да му одговори во врска со две групи апликации поднесени против предметите на поранешното СЈО.

Повеќемина поранешни функционери во Стразбур побараа да паднат судските предмети во кои се или допрва ќе бидат осудени, повикувајќи се на аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов во 2016 година.

Владата останува на својата доследна борба за владеење на правото. Сè уште сме во една рана и почетна фаза на постапката, а државата е странка во постапката и треба соодветно да се однесува. Не би ги изнесувал детално аргументите, ниту стратегијата на нашата позиција пред судот – рече Маричиќ.

Тој нагласи дека во оваа фаза на државата и се остава простор од неколку недели за спогодба и дека се уште во нашите институции се разгледуваат апликлациите на обвинетите и осудените кои бараат обештетување.

Интензивно се подготвуваме и работиме и не би давал конкретни податоци што и како ќе се случува. Ќе направиме квалитетна стратегија во одбрана на владеењето на правото и правната држава – додаде Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.