Владата и Собранието се задолжени да внимаваат на заштита на независноста на судството, но тоа не значи дека судиите и обвинителите се над законот, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција што се одржа во Влада, а на која беше презентиран усовениот документот „Агенда Европа дома“.
Одговарајќи на новинарско прашање Маричиќ истакна дека не мисли оти судиите и обвинителите се заштитени, особено ако се земе предвид дека во изминативе години биле разрешени 11 судии.
Ние по прв пат во последните четири години за разлика од претходно имаме судски постапки и обвинителски истраги што се однесувале и на обвинители и судии, имаме и пресуди првостепени и за обвинител и за судија во последниве неколку години, така што мислам дека ако на тоа го дадеме и процесот на прочистување кој што е започнат… и веќе имаме 11 разрешени судии, дел од нив кој што беа симбол на едно друго време мислам дека не можеме да зклучиме дека судиите и обвинителите се заштитени, изјави министерот за правда.
Додаде дека ваквиот принцип на прочистување ќе предизвика доверба кај јавноста.
Принципот ќе успее само доколку го тераме на еден принципиелен начин врз основа на Уставот, законите и доколку бидат резултатие видливи за граѓаните јас мислам дека имаме со што да се пофалиме во овој дел, заклучи Маричиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.