Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска не сакаше да коментира кој ќе биде исходот на расправата на Уставниот суд по иницијативата во врска со членот 11 а од Законот за помилување за, како што рече, да не се прави какво било влијание.
-Јас веќе и досега сум имал можност да ги коментирам, меѓутоа не сум ги коментирал судските одлуки. Мислам дека ова е важен процес и дека не би требало да коментирам и прејудицирам кој ќе биде исходот на расправата на Уставниот суд по иницијативата во врска со членот 11 а од Законот за помилување за да не правиме какво било влијание, ниту пак да прејудицираме која ќе биде одлуката не би можел да коментирам. Со тоа не би можел да кажам и каков би бил исходот или какво би било влијанието на судските постапки – рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.