Со право Комисијата уште еднаш препорача почеток на преговори со  Македонија и како Влада сторивме буквално се за да ги исполниме потребните реформи. Сега на ред е Европскиот совет, кој треба да го има предвид ова што го сторивме, како и методологијата и да ги отвори преговорите со ЕУ. Со право очекуваме онаа стратешка грешка што беше направена во октомври да се исправи и што поскоро  да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, изјави националниот координатор за интеграција во ЕУ, Берлински процес и регионална соработка, Бојан Маричиќ.

– Самитот на ЕУ во Загреб е во мај. Заклучокот на Европскиот совет од октомври е дека на ова прашање повторно треба да се наврати пред Самитот во мај. Она што беше наша задача ние го завршивме и тоа за нас беше клучно, дека нема никакви изговори и причини зошто не би се донела одлуката побрзо. Овој извештај е печат на нашите реформи, на досегашните успеси, во тешки услови, со многу напори, но исто така и методологијата е на некој начин е отворање на патот за почеток на преговорите. Дали ќе се случи во март или подоцна тоа е стратегија и на пристап на државите членки на ЕУ, рече Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.