На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност, соопшти министерот за правда Бојан Маричиќ.

-На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност. Очекувам сега, владиката Петар, за доброто на државата да ги повика верниците масовно да го поддржат пописот, напиша на својот профил на Твитер, министерот Маричиќ.

Министерот за правда ова го напиша како реакција на владиката Петар кој изјави дека ако нема графа за верска припадност во пописните листи ќе го повикаат народот на бојкот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.