Листите за помилување што Министерството за правда ги испраќа до претседателот Стево Пендаровски се топ тема во јавноста откако беше обелоденето дека на нив се и имињата на контроверзниот бизнисмен Сеад Кочан, Александар Василевски Нинџа, сведокот на Вилма Рускоска, и Бобан Илиќ, член на СДСМ, но и човекот кој го прегази малиот Алмир во Куманово.
Министерот за правда не дава никакви помилувања. Ова се специфични помилувања по повод Нова година и листите за делумно скратување на казната ја прават директорите на затворот и се проследува на разгледување. Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите. Значи, предлог-листите се од затворите, а не од Министерството за правда. Тие листи поминуваат низ четири филтри, вели министерот за правда Бојан Маричиќ за Утрински брфинг.
На листата испратена во Кабинетот на претседателот реагираше и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.
Оваа постапка не е јавна и не се објавува во јавност. Неблагодарно е да се објавуваат имиња во рана фаза затоа што станува збор за луѓе што се осудени и имаат свои надежи. Ние ќе се погрижиме да не се најде ниедно спорно име на списоците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.