Нов ден, нова надеж, научени лекции и иста цел. Вчерашниот неуспех на ретроградните сили да ја урнат Владата е само дополнителна обврска за нас, да продолжиме во битката за нашата европска иднина, напиша министерот за правда Бојан Маричиќ, на неговиот фејсбук статус.

Тој вели дека од денеска, целата енергија ќе ја насочат кон решавање на проблемите кои ќе ја однесат нашата земја на повисоко ниво, европско ниво, каде придобивките нема да ги ползуваат политичките елити, туку граѓаните.

Убеден сум дека во тоа ќе успееме. Лекциите од минатото се научени, а македонската иднина е европска и никој не е посилен од таа наша историска цел – напиша Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.