Бојан Маричиќ, министерот за правда, на денешната панел-дискусија за петгодишнината од формирањето на „Шарената револуција“ рече дека од денешен аспект е горд на тоа што никогаш на протестите организирани од ова движење не било користено насилството и тие останале доследни.

„Особено сум горд на повеќемесечните протести, кои во ниту еден момент не се приклонија кон насилство. Протестите кои пак кулминираа со 27 април сакаа да го легитимираат насилството“, рече министерот во дискусијата.

За време на учеството на онлајн настан тој додаде дека Владата работи на зацврстувањето на правната држава и враќањето на довербата на граѓаните во правниот систем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.