Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, актуелен министер за правда, Бојан Маричиќ, вчера заедно со градоначалникот на Штип Сашко Николов разговараа со штипјани за она кое, наводно, до сега го сработиле, но и за она што во следниот мандат треба да се направи доколку ја освојат општинската власт.
Во овие четири години покажавме што значи вистинска грижа за граѓаните, што значи вистинска грижа за секое населено место. Ги зголемивме платите во сите сектори, пораснаа и пензиите а го решивме и деценискиот проблем со стечајните работници. Овде во Штип, во Истокот инвестиравме многу во инфраструктурни проекти. Еден од нив секако е патот Штип – Радовиш каде една фаза е веќе пуштена во употреба. По неколку децении е изграден мост на реката Брегалница, во фаза на реализација е и најважниот проект за овој град изградба на брана на реката Отиња, посочи Маричиќ додавајќи дека со СДСМ и Николов развојот на Штип ќе продолжи и во следните четири години.
Маричиќ порача дека СДСМ останува посветена на политиките кои водат напред, кои носат напредок и развој.
Штипјани знаат кој го носи најдоброто. На 17 октомври Штип останува во сигурни раце и ќе продолжи да се модернизира, порача Маричиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.