Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ, изјави дека Државниот завод за статистика дава максимални напори до крајот на утрешниот ден да се комплетира пописот.

Маричиќ вели дека целта е сите граѓани да се попишат и ниту еден да не остане непопишан. Тој информира дека до денеска се попишани скоро 1,8 милиони граѓани.

Има уште време до утре, тоа што го знам е дека одредени реони се целосно попишани и тие попишувачи кои ја завршиле работата таму доаѓаат во реони каде што се уште има потреба да се врши пописот. Отворени се дополнителни пунктови каде што граѓаните сами можат да се попишат доколку не биле најдени дома или од некоја причина досега не се попишани – изјави Маричиќ.

Тој додаде дека се во постојана комуникација со Заводот за статистика и врз основа на нивните проценки и информации ќе носат одлуки за понатаму.

Наша цел е пописот да се заврши во законски предвидениот рок, доколку има било што друго навреме ќе ја известиме јавноста – заклучи Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.