Потсетување на еден антологиски дуел меѓу потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и вицепремиерката Радмила Шекеринска, во кој цела вечер не знаеше да каже на кој датум Македонија ќе почне преговори со ЕУ.

Ни денес не знаат затоа што датум за преговори нема! 4 години го лажат народот! 4 години лаги, криминал и корупција! Затоа нема преговори! Време е за ОСТАВКА! Заев е виновен!, пишува на Фејсбук Николоски споделувајќи инсерти од дуелот.

Јас поставувам јасно прашање: Кога ќе почнат преговорите со ЕУ, вие манипулирате, обвини Александар Николоски во дуелот.

Додека криминалците од СДСМ се на власт, Македонија нема да почне преговори со ЕУ. 

На дебатата Шекеринска имаше проблем да каже на кој датум ќе почнат преговорите. Ѝ помогнав, ѝ кажав дека додека криминалците од СДСМ се на власт, Македонија нема да почне преговори со ЕУ!, коментира Николоски подоцна.

Николоски ја праша Радмила Шекеринска дали дознала кој е датумот кога Република Македонија ќе започне преговори со Европската унија, со оглед на тоа што и покрај тоа што тие три пати излегле со информација дека Македонија добила датум за почеток на преговорите, до ден денес Македонија се уште нема започнато преговори со Европската унија.

Кој е датумот? На кој датум Македонија ќе започне преговори со Европската унија, дали во овие месец дена можеби разбравте кој е датумот на кој што ние ќе почнеме преговори со Европската унија, живо сум заинтересиран и јас и граѓаните, кој е датумот? На кој датум ќе почне Македонија да преговара со Европска унија. На кој датум ќе биде првата меѓувладина конференција. Затоа што 3 години добиваме датум, во 2018 година Заев излезе на прес-конференција во Собрание и кажа го добивме датумот, се сликавте во авион, не знам вие дали бевте, пишуваше го добивме датумот. Во 2018 година го добивме датумот, во 2020 година го добивме датумот, а датумот никаде го нема, не можеме да го видиме, ја праша Николоски, Радмила Шеќеринска.

Таква работа нема затоа што ги гледаат дека се корумпирани. Премиер на Белгија, претседател на Франција, премиер на Италија и да не ги бројам, со корумпиран премиер не седи на иста маса. Нека се потсети Зоран Заев кога последен пат бил примен во официјална посета на било која европска држава. Знаете кога? Пред да му излезат аферите со директно учество во рекет, затоа што со корумпирани луѓе не сакаат да седат на иста маса, вели Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.