Драматична и трауматична „средба“ со перверзен маж имала жителка на скопската населба Аеродром. Таа за „Слободен печат“ раскажува дека мажот се качил на нејзината тераса на приземјето од зградата во која живее, по што почнал да се самозадоволува.
„Вторник, 28ми декември, бев сама во мојот стан на приземје позади Бисер каде и живеам сама. Имам голема тераса и двор. Излегувам на цигара некогаш навечер и секогаш ја заклучувам вратата од терасата. Овој пат не ја заклучив бидејќи знаев дека сум тука блиску и ќе излезам повторно. Половина час откако испушив цигара, ми се јави мајка ми, разговарав со неа, одејќи напред назад низ кујна-дневна. Наеднаш, без да слушнам ништо, гледам некој ја отвора вратата од тераса и ВЛЕГУВА ВНАТРЕ ВО СТАНОТ, ПРАВИ ЕДЕН МЕТАР ЧЕКОР, ПАНТАЛОНИТЕ СПУШТЕНИ И ПОЧНУВА ДА СЕ САМОЗАДОВОЛУВА. значи ова не е САМОЗАДОВОЛУВАЊЕ НА ЈАВНО МЕСТО него е ВО МОЈОТ ДОМ, ЗНАЧИ Е И ПРОВАЛА. Јас почнувам да викам на цел глас целосно во шок од кој се уште се опоравувам, немам сили од шокот да направам ништо само викам а тој неколку минути продолжува да го прави тоа гледајќи надолу, нема никаква реакција на моето РИКАЊЕ И ПАНИЧЕЊЕ“, вели вознемирената жена.
Таа вели дека искуството го споделува за да ги предупреди жените во населбата и посебно во делот околу ТЦ „Бисер“ околу тоа што може да им се случи.
Целиот текст на Слободен печат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.