Јасна Мандиќ, обвинета во „Меѓународен сојуз“ на денешното судско рочиште на кое обвинителството читаше вибер-комуникација од нејзиниот телефон, за една од нив кажа дека не е нејзина, туку препратена комуникација од премиерот Зоран Заев и од поранешниот негов советник Зоран Башановиќ, кој наводно брка врски за неа да не оди во притвор.
Обвинителката Милица Гаврилова немаше коментар.
Во вибер-комуникацијата, Башановиќ му вика на Заев да види ако може Јасна да не оди во притвор, а Заев му вели: „Знаеш дека тоа зависи од обвинителството и од судот. Ќе видам што можам да направам”.
Мандиќ доби куќен притвор, а обвинителката Вилма Русковска тогаш појасни дека ваквата мерка за Мандиќ е поради тоа дека има дете со здравствени проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.