Владата планира да донесе уредба со која државата ќе дава пари на медиумите, рече вчера во „Отвореното студио“ на ТВ 24  министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Тој негираше дека ваквата одлука ќе значи корупција на медиумите.

Размислуваме за уредба со која ќе добиваат финансиска поддршка заради тоа што се една од најпогодените индустрии од последиците од коронавирусот заради тоа што имаат раскинување на голем број на рекламни договори и тоа е светски факт … Размислуваме за поддршка на сите медиуми, не зборуваме за селективно, за рекламни кампањи. Зборуваме за поддршка на работата на медиумите врз основа на одредени јавно и јасни критериуми, рече Манчевски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.