Нинистерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на „Фејсбук“ повторно е во самоизолација откако позитивни на ковид-19 неговиот заменик и возач.
Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред. Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на Kovid- 19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација. Чувајте се и бидете здрави, напиша Манчевски.
Тој веќе еднаш беше во самоизолација во јуни, кога позитивни на ковид беа неговите сопартијци Сања Лукаревска и Мухамед Зекири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.