Ставот на СДСМ е дека во средината на јуни има можност за организирање избори, рече министерот за информатичко општество и амдинистрација и потпретседател на СДСМ Дамјан Манчевски, при гостувањето во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
Според Манчевски, мора да се искористи првата можност за организирање избори.
– Што ќе правиме ако наесен имаме поголем интензитет на вирусот? Мора да ја искористиме првата можност за организирање избори. Од Комисијата за заразни болести знаат кои се кластерите и затоа тестирањето е насочено кон тие територии. Лажниот негативен тест е најопасен, а прекумерното тестирање во период на инкубација може да се создаде лажна информација дека нема заразени, наведе Манчевски.
Во однос на датумот за одржување на изборите вели дека нема да се прави ништо спротивно од она што го кажува Комисијата за заразни болести.
– Ако од одредени причини не е возможно на тој датум да се одржат, ќе го почитуваме тоа, рече Манчевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.