Институтот за развој на електронски комуникации најостро реагира на дописот од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, а воедно и целосно го осудува обидот за воведување на медиумски мрак.
Недозволиво е во ек на пандемија и препораки од домашните власти и светските организации да се остане дома, Министерот за информатичко општество да бара операторите да ги исклучат каналите што ги нудат бесплатно на своите корисници, нешто што е првенствено направено за добробит на граѓаните кои остануваат дома за време на изолацијата наметната од корона-вирусот.
Иронично, иако Министерството на почетокот од дописот ги поздравува добрите намери на операторите со кои им помагаат на граѓаните да останат дома, на крајот упатува индиректна закана до операторите во која се вели дека доколку ситуацијата остане иста односно не се исклучат каналите, Владата ќе донесе уредба (со законска сила н.з.) со цел да се промени праксата или во превод ќе ги примора операторите да ги исклучат каналите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.