И минситерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски оди самоизолација поради средба со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој е позитивен на ковид-19.
Согласно препораките на епидемиолозите, поради средбата со мојот другар и колега Мухамед Зекири, во наредните девет дена ќе бидам во самоизолација. На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме. На Муки и семејството им пожелувам брзо закрепнување. На сите други Ви посакувам добро здравје, напиша Манчевски на „Фејсбук“.
Претходно вечерва и Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на претседателот на Владата, објави дека е во самоизолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.