Што се случува во СДСМ е прво логичко прашање кое се поставува по изненадното повлекување на Дамјан Манчевски од политиката?!
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација преку Фејсбук најави дека се повлекува од политиката и дека прифатил ангажман во приватниот сектор каде неспојливо е да биде и политички ангажиран.
Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ, соопшти Манчевски.
Ова за сите во политиката беше гром од ведро небо, бидејќи Манчевски беше еден од најистурените играчи на СДСМ и Владата, како министер кој остави трага со своето работење и во моментите кога чекаше да биде назначен за генерален секретар на Владата, поради што си поднесе и оставка на пратеничката функција.
Ова се само дел од анализата објавена на НЕТПРЕС, каде можете да го прочитате и целиот текст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.