Манчевски ќе биде наследникот на Драги Рашковски, како генерален секретар на новата Влада, повикувајќи се на неофицијални информации известува ТВ21.

Во смс-порака до телевизијата, Манчевски ниту ја потврдил, ниту ја демантирал информацијата, посочувајќи дека генералниот секретар го избира Владата, на предлог на премиерот.

Генерален секретар бира Владата на предлог на премиерот. Откако ќе се формира Владата, таа ќе донесе одлука и јавноста ќе биде соодветно информирана. Јас сум пратеник кој е целосно фокусиран на избор на новата Влада и реализација на програмските определби во корист на сите граѓани, напиша Манчевски за Тв21 .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.