Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој неодамна најави повлекување од политиката, информира дека е назначен за генерален менаџер на двете компании на „Мак-Систем“ (MAK-SYSTEM) во Скопје и во Белград.
Ми претставува чест што сум дел од менаџментот на „Мак-Систем“. Нашите производи, развиени од нашата македонска компанија во изминатите три децении, станаа светски стандард и водечка солуција и можат да се најдат во банките за крв и болниците насекаде низ светот. Формирана во 1984 година, денес со седиште во Лондон, „Мак-Систем“ е водечки светски провајдер на медицински софтвер за менаџмент на крв, плазма, ткива и клетки. „Мак-Систем“ е пионер во оваа област, кој произведува врвен софтвер за контрола на ланецот за менаџмент на крвни продукти, од донација до трансфузија. Компаниите на „Мак-Систем“ се лоцирани во Лондон, Париз, Мадрид, Брисел, Чикаго, Франкфурт, Скопје и Белград. На 20 февруари 2020 година, Carlyle Group (www.carlyle.com) значително инвестираше во „Мак-Систем“ и ја превзема контролата на компанијата – објави Манчевски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.