Во мое лично име и во име на членовите на МАН изразувам длабоко сочувство за болката и страдањето на семејствата и роднините на загинатите во страотната сообраќајна несреќа во Република Бугарија, и посакувам брзо закрепнување на повредените во оваа тешка катастрофа, наведува претседателката на МАН Ивона Талевска.

Таа истовремено, ги повика медиумите да се воздржат од сензационализам при известувањето за оваа трагедија.

МАН ги повикува медиумите при известувањето да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи, односно информирањето да биде ослободено од сензационализам и новинарите да ја почитуваат личната болка и жалост. Воедно, информациите треба да бидат точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да се каже или објави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.