Од Македонската асоцијација на новинари МАН велат дека не се изненадени од односот на членовите на една политичка партија кои во текот на повеќе денови, а особено вчера, масовно го кршења изборниот молк, вршеа поткуп на избирачи и насилство врз новинарски екипи.

МАН го повикуваат јавното обвинителство да ги заштити новинарските екипи по јавно објавени видео материјали и информациите за делење изборен поткуп, кршење на изборниот молк и насилството од членовите на една политичка партија врз новинарски екипи.

Го повикуваме јавното обвинителство во најкус можен рок да поведе соодветна постапка против насилниците врз новинарските екипи, членови на една политичка партија, кои се прекршители на изборниот молк и кои делеа поткуп.

Истовремено, ги известуваме набљудувачите на ОБСЕ, како и дипломатските преставништва во земјава, дека новинарските екипи на терен забележаа и јавно објавија извештаи за кршење на предизборен молк, поткуп на гласачи од членови на една политичка партија, за што беа физички нападнати, им беше скршена опрема, добија закани, навреди и сето тоа под закрила на една политичка партија и полицијата.

– Бараме да се изврши влијание врз обвинителството да го спречи насилството врз новинарите со постапување против насилниците и бараме да се изврши влијание врз политичката партија која спроведува насилство врз новинарите, за истото да престане.

Медиумите мораат да известуваат објективно и непристрасно за изборниот процес, а не да работат под постојан страв и закани за нивната сигурност и објективност, велат од МАН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.