Пополнета е квотата од 100 лица за доброволна вакцинација против вирусот Ковид-19 со вакцината АстраЗенека која е закажана за вторник 23 март 2021 година, во Врање, Република Србија, информира Македонската асоцијација на новинари МАН.

Сто (100) медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот Ковид-19 и сите пријавени добија повратни email потврди дека се регистрирани за вакцинација. Деталите за организираниот автобуски превоз (време и место на поаѓање и враќање од Скопје до Врање и назад) официјално ќе ги доставиме утре претпладне, велат од МАН.

На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на претседателот на Србија Александар Вучиќ, додаваат, ни одобри вакцинација и ревакцинација за 100 лица



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.