Еден од главните апологети на Заев и СДСМ Саше Ивановски со напад врз новинарите Сашо Ордановски и Горан Михајловски затоа што побарале премиерот да ја прифати оставката на Филипче, пишува „Експрес“.
Саше Политико во текст во кој вели дека трагедијата во Тетово е поради мало невнимание со кабел, ги прашува Ордановски и Михајловски зошто не дале оставки од морални причини кога работеле за рекетарскиот медиум на Боки 13 и за медиуми блиски на владата на Груевски.
Еве денеска и бардот новинарски, човекот што несомнено е во топ 10 најчитани и највлијателни новинари, Сашо Ордановски повика Заев да ја прифател оставката на Филипче.
Сигурен сум дека истото го има направено и Горан од СДК.
Интересно, новинарите обожаваат на политичарите да им ставаат големи морални и етички стандарди, да им врескаат да си поднесат оставки за работи кои не надвор од нивната надлежност и моќ на влијание, додека тие самите, новинарите, често сме ги гледале фатени во офсајд но сепак сме им простиле, затоа што знаеме дека се добри луѓе кои ете згрешиле…
Ордановски на пример поднесе ли оставка од новинарството затоа што дозволи да биде злоупотребен во рекетарската 1 ТВ?! Дозволи еден шарлатан да ги злоупотреби сите нив и него и Јадранка и Кабранов и Борјан итн итн за да со нивната слава рекетира и позади нивниот грб млати милиони евра од бизнисмени заканувајќи се дека ќе ги испружи на ТВ и ќе ги внесе во тефтерот на Катица?
Ордановски сигурен сум дека ниту знаел за тие прљави игри на Боки, но сепак се насетуваа некои работи, смрдеа барем силно да се изразиме сликовито малце… Каде е тука моралната одговорност на Ордановски што на 60 години си дозволил да биде злоупотребен?
Слично е сега и со Горан од СДК, он со години го водеше Вест за одлична плата и дозволуваше цензурата да му го уредува весникот па не си даде оставка ниту тогаш ниту сега, туку продолжува во својата колумна да им држи лекции по морал и етика на сите во земјава. Но не му сметаше едно 5-6 години да зема дебела уредничка плата во весникот кој сепак не ги објави снимките на Заев во 2015-та затоа што така нареди сопственикот на МПМ, Срѓан Ќерим? За ова Горан ќе поднесе ли оставка од новинарството од морални причини, или моралот не важи за новинарите и аналитичарите, туку само за политичари”, пишува Ивановски кој неретко има неверојатно идентични ставови со пропагандата на СДСМ.
Целиот текст напад врз Ордановски и Михајловски на овој линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.