Заев станува заробеник на минатото и со замислениот противник прави монолзи. Неговата оспеднатост со минатото говори дека се врти во истиот круг, додека надвор од тој круг е реалниот живот. И затоа во оваа кампања делува отсутно и непрепознатливо и нема решенија за проблемите на граѓаните, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Чашка.

Претседателот Мицкоски го спореди премиерот со францускуот цар Луј XIV. Додека народот го истура својот род, тој се вози со ново патничко возило од марката БМВ кое чини 100.000 евра.

Од неговите патувања во странство она што му оставило впечаток е како што самиот говори дека имало црвени килими. И тука прашањето е што има Македонија од твоите црвени килими, освен блокада, ред почукнувања по рамо, и извештаи дека сме хибриден режим? Тој всушност е еден мал Луј XIV само во една современа балканска верзија кој се раководи според принципот државата тоа сум јас, па опиен од апсолутната власт 5та година по ред смета дека може и да управува со животите и судбините на луѓето. Таквиот балкански Луј 14-ти нема никакво чувство за тоа како живеат луѓето на Македонија, за нивните тешкотии. Овој балкански Луј 14-ти се вози во најнова марка патничко возило БМВ вредно 100 илјади евра, има плантажи со марихуана, самиот си кажува дека неговата империја тежи милиони евра. И додека нема народот за леб, тој купува ново патничко возило од марката БМВ, додека народот го истура грозјето, тој ужива во луксуз, потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.