Одржување на мнозинството за што? За да продолжите да крадете? Да продолжите да ја разнебитувате Македонија? Вака реагира универзитетскиот професор Самоил Малчески по вчерашната одлука да се замрзнат оставките на Зоран Заев.

Што направи #ХибриденРежим и нивниот лидер во државава, Република Македонија, во последниот период:
– суптилно рушење на демократијата, Парламентот осанува и понатаму да слугува на режимот!
– преку 7000 мртви како последица на Covid19!
– вакцини со месеци немаше, ниту набавија заради тоа што не договорија провизии! Вакцини добиваме од донации!
– хидроакомулациите се празни заради лошото менаџирање!
– енергетска криза и рестрикции на струја во најава како последица на нивната неспособност!
– лоши образовни реформи!
– „економски мерки“ (читај изборен поткуп) за справување на мсп со последиците од пандемијата кои не вродија со плод!
– нема откуп на земјоделски производи!
– инфлација!
– модуларна болница им изгоре до темел, нема одговорност!
– меѓународни извештаи во кои сме окарактеризирани како нарко оаза! За дрога апси ДЕА! Високи функционери од МВР вмешани во трговијата со дрога!
– високи функционери фатени во поткуп и уцена на бизнисмени!
– на локалните избори МВР беше брутално злоупотребена од Спасовски во функција на изборен инжинеринг и изборен поткуп!
– реформи нема во ниедно поле, државата назадува!
– 4 пати славеа датум за преговори!
-државата дополнително ја задолжија со неколку милијадри евра кои ги потрошија за личен комодитет и ги украдоа!
итн…
Изгубија избори, катастрофално изгубија избори, најави оставка, излажа, синоќа пак се пишмани!
Излезе и кажа „останувам периодот за да помогнам во одржување на мнозинството“!
Одржување на мнозинството за што?
За да продолжите да крадете?
Да продолжите да ја разнебитувате Македонија?
#ПадаВлада



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.