Гласањето во општините Дебар и Центар Жупа до 10 часот се одвива без проблеми, но со мошне мала излезност на гласачите. Како што информираа од Општинската изборна комисија, до 10 часот на гласање во Дебар излегле три отсто од запишаните гласачи, а во Центар Жупа само два проценти.
Во Дебар, покрај гласањето за претседател на државата се бира и градоначалник. На последните локални избори до 10 часот во Дебар гласале 9,4 проценти од гласачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.