Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во моментов ја прославува победата на првиот круг избори за градоначалник на општината. Тој дојде во центарот на градот со поголем број на негови поддржувачи.

За наше Куманово победува во над 70% од гласачките места. Бевме соочени со големи притисоци. Нашата цел е да ја добиеме поддршката од граѓаните. Политичката поддршка е добредојдена од секого. Во вториот круг граѓанскиот концепт ќе победи убедливо за кумановци. Куманово секогаш биле предвесник на големи промени, изјави Максим Димитриевски.

Според изјавата на Димитриевски, во Куманово ќе има втор круг на гласање за градоначалник, каде противник веројатно ќе му биде Оливер Илиевски од СДСМ. Максим Димитриевски е актуелен градоначалник на Куманово и на таа позиција беше избран пред четири години, токму како кандидат на СДСМ. Сепак, на овие избори, владејачката партија реши да не го кандидира Димитриевски, туку Оливер Илиевски. Димитриевски се спротивстави на одлуката на партијата и најави независна кандидатура. СДСМ, согласно Статутот, а потоа го исклучи од партијата.

Свој кандидат во Куманово имаше и најголемата опозициска партија во земјата, ВМРО-ДПМНЕ. Но, само што започна кампањата, партијата објави дека нивниот кандидат, актерот Тони Михајловски, заболел од ковид-19. Така, тој практично немаше теренска кампања. Затоа во вториот круг, токму гласачите на ВМРО-ДПМНЕ може да се покажат како пресудни за исходот од вториот круг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.