Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски денеска го посети зелениот пазар на бул. Октомвриска револуција во Куманово, каде со граѓаните разговараа за сите досегашни имплементирани проекти, како и за проектите кои следуваат во следниот мандат.
Задоволни сме ние, но задоволни се и граѓаните од развојот во овие четири години кој мора да продолжи и натаму. Во наредните четири години, во план за реализација се над 800 проекти преку кои ќе го подобриме севкупниот квалитет на живот. „За наше Куманово“ е граѓанска иницијатива од граѓаните за граѓаните. Иницијатива преку која секој граѓанин може да се вклучи со свои идеи, сугестии и концепти за подобро, похумано и поразвиено Куманово. На 17-ти октомври поддржете нè и дозволете ни да продолжиме со реализација на локалните политики кои значат подобар живот за сите кумановци“, рече Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.