Во КОВИД-19 кризата, во Куманово се дистрибуирани повеќе од 5.000 пакети со помош за социјално ранливи категории. Угостителите беа ослободени од плаќање на комунална такса за летните тераси, намалена беше фирмарината за компаниите, а беа ослободени и родителите од надомест за градинка за децата.
Куманово, по победата на локалните избори ќе продолжи за биде хумана општина за сите граѓани. Како дел од приоритетните проекти во овој сегмент предвидуваме: Отворање на градска кујна за лица од социјално-ранлива категорија; Изградба на стационар за згрижување и нега на кучиња скитници; Преноќевалиште за бездомници и психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство, поплави и пожари; Изготвување на програма за реинтеграција на маргинализирани лица (зависници од психотропни супстанци) на пазарот на труд и шелтер за маргинализирани групи; Вклучување на децата од социјалнo-загрозени семејства во воннаставните активности и неформалното образование преку бесплатни курсеви, екскурзии, спортски активности и можност да учат и тренираат одреден спорт бесплатно; Социјална инклузија“, вели независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.
Ќе продолжиме и со постоечките добри практики во целот на социјалната заштита и помош кои веќе се реализираат:
– Општинско-корисна работа со ангажирање на невработени лица во улога на образовни асистенти на ученици со попреченост, ментори во двата Дневни центри за лица со попреченост и асистенти за стари лица за помош и поддршка во домашни услови.
– Субвенционирање на трошоци за комунални услуги и јавен градски превоз за стечајни работници, самохрани родители, слепи лица, приматели на социјална парична помош, згрижувачки семејства, деца без родители и други ранливи категории на граѓани.
– Субвенционирање на болничките трошоци на лица од социјален ризик за тешки заболувања.
– Еднократна парична помош или помош во натура за лица од социјален ризик.
– Проект за инклузија на децата Роми.
– Помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица.
– Субвенционирање на јавен градски превоз за пензионери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.