Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во денешното обраќање по повод 11 Октомври – Денот на Народното востание истакна дека сега од кога било порано е важно да се сплотиме и да покажеме отпор, бидејќи немаме време за чекање.
Поминаа многу години, нештата не се менуваат на подобро, си одат младите луѓе од државата затоа што немаат перспектива. Немаме време да чекаме да дојдат подобри времиња. Мора нив да ги создадеме. А ќе ги создадеме само ако заеднички се бориме против неправдата. Нема правда, нема мир не смее да остане белег само на една битка. Таа треба да биде потсетник дека нема да дозволиме да се повторат истите сценарија. И мора
да има правда за сите подеднакво, а така само ќе бидеме мирни дека живееме во средена држава. Јас денеска овде пред Вас ветувам дека како досега така и понатаму ќе останам истиот со истите ставови. Секогаш ќе зборувам гласно против неправдите, секогаш ќе се борам за исправното. Ќе бидам напаѓан и сум напаѓан, ќе се обидат да ме оцрнат, но јас нема да се предадам. Нема, бидејќи подобар живот должиме на нашите деца, на
нашите поколенија. Нема да се предадам бидејќи знам дека од мое Куманово ќе тргне
револуцијата за подобра Македонија, онаква каква што треба да ја живееме, а не да ја сонуваме“, рече Димитриевски.
Во своето обраќање, тој потенцираше дека од Куманово ќе тргне револуцијата за Македонија, револуција за освестување дека иднината мора да биде подобра од сегашноста.
Овој ден да бидеме горди на нашите предци, овој ден да им оддадеме почит на сите револуционери, на сите борци, кои го дадоа својот живот во антифашистичкото востание и народноослободителна војна, по примерот на Карпош и Шабани, Антова и многу други. Да бидеме горди на нашето минато, активни чинители на сегашноста и да ги носиме позитивните промени на иднината.“, изјави Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.