Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, во дебатната емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија рече дека концептот „За наше Куманово“ е концепт за сите граѓани на општина Куманово и целта е да се спојат граѓаните.
Нашата цел е да ги споиме граѓаните. Во секое семејство имате длабока поделба на политичка основа. Граѓаните се преоптеретени од политика. И кога ќе отидат во еден изборен штаб и на челна позиција на штабот во концептот „За наше Куманово“ ќе бидам поранешен шеф на изборен штаб на СДСМ, а до него во својство на заменик шеф стои поранешен шеф на изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ. А најголем број од луѓето коишто доаѓаат во тој штаб се неопределени, тогаш сфаќате дека вие ги спојувате луѓето. Истото се случува и во сооднос со албанскиот блок, што мене исклучително ми е драго дека тоа е еден успешен концепт „За наше Куманово“ или концепт„Për Kumanovën Tonë“ што значи одиме напред. Македонија врз база на индивидуалните квалитети на поединци, а исто така и Куманово како составен дел на државата мора да продолжи да се развива по еден нормален пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.