Градоначалникот на Куманово ја добил официјално веста дека против него е отфрлена кривичната пријава.
Сега добив информација од сајтот на Јавното обвинителство дека кривичната пријава против мене и членот на ОШЗС г-дин Стојановски е ОТФРЛЕНА. Верував и сеуште верувам во институциите и непристрасните професионалци во системот. Убеден сум дека вистината за овој монтиран случај излезе на виделина, пишува на фејсбук Димитриевски.
Тој вели дека ќе ги преземе сите активности предвидени со закон да се лоцираат одговорните лица во постапката, кои, како што нагласува, од нив познати мотиви ги злоупотребиле сопствените службени овластувања и креирале случај за наводно сторено кривично дело, кое имало за цел јавно да го девалвира и дискредитира и да ја искриви вистината.
За жал оваа не е прв случај во кој МВР и други државни институции се користат за политички пресметки, вршење на притисок и раскусурувања со неистомисленици, такви случаи имало и во минатото. Предходно кажав дека нема да се обесхрабрам туку дополнително ќе се мотивирам во борбата за вистината и правдата, да им служам на моите граѓани во процесот на развојот на Куманово и европска и просперитетна Македонија, пишува Димитриевски.
Вели дека се уште го чека извештајот од инспекцискиот надзор на ДСЗИ кој до ден денешен останал тајна и за него и за јавноста, а смета дека по одлукава на обвинителството извештајот е беспредметен.
Во следниот период ќе излезам со дополнителни правни дејствија кои ќе бидат преземени од мојот адвокатски тим, а до тогаш останувам посветен на борбата против Ковид епидемијата и развојот на Општина Куманово како мој врвен приоритет. Во минатото во неколку наврати бев предмет на оградување и прозван од раководството на мојата партија СДСМ, несакајќи да нарушам ничиј авторитет и да наштетам на сопствената партија тогаш премолчав но верував во вистината. Тие избрзани и несреќни изјави се минато но најмалку што очекувам е извинување и подршка за расчистување на случајот до крај. Борбата продолжува…, пишува Димитриевски.
Почитувани,
Сега добив информација од сајтот на Јавното обвинителство дека кривичната пријава против мене и членот на…Posted by Maksim Dimitrievski on Thursday, 4 June 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.