Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија потенцираше дека првиот младински центар е отворен во Куманово.

Во делот на развојот на економијата, со развојот на новата индустриска зона Новини и Речица каде што имаме три нови инвеститори кои купија земјиште не по едно евро метар квадратен како во минатото, туку по 15 ипол евра по пат на јавна аукција и тие ќе отпочнат со своите инвестиции. Дополнително, нов погон на Дрекслер Маер во Куманово. Давање на реална можност на младите луѓе, да се отвори можност за бизнис хап-ови каде ќе доаѓаат младите луѓе. Имаме прекрасна локација на градскиот базен, тоа во програмата е ставено да можеме да го имплементираме и да им дадеме можност. Ние го имаме отворено првиот младински центар во Куманово, каде што младинските организации функционираат. Факт е дека треба на младите да им се даде шанса за да носат одлуки и да одлучуваат. Но, исто така и младите луѓе треба да се борат за тоа. Кога влегов во политика никој не ми даде шанса. Јас влегов заедно со тим на млади луѓе и се борев како што денеска се бори Теодора за тоа и јас се восхитувам на тоа, без разлика што потоа политиката и самото искуство си создава одредени навики за взаемно почитување – порача Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.