Независниот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, порачува дека се залага за силна економија, стабилна општина и среќно ангажирани граѓани.
Целта е да ја развиеме локалната економска зона Новини и Речици. Да ја отвориме за нови странски, но и домашни инвестиции, да дадеме можност да се вработат поголем број на луѓе, да бидат среќни и исполнети. Куманово било град на работниците и треба да остане така. Продолжуваме заедно со развојот на локалниот економски раст на наше Куманово – вели Димитриевски.
Тој додава дека во рамките на локалниот економски развој во план е изградба на економски капацитети на локално ниво, со цел подобрување на економската иднина и животниот стандард на сите жители на Куманово, преку процес во кој јавноста, стопанските дејности и невладиниот сектор во коoрдинација со Локалната самоуправа ќе работат заедно како партнери, за да создадат подобри услови за економски развој и нови вработувања.
Со изградба на нови индустриски зони и обезбедување на поволни услови за инвестиција на поголеми индустриски капацитети ќе создадеме можност за отворање на нови работни места за млади и стручни кадри, јакнејќи го домашното стопанство. Вложување во изградба на инфраструктура во индустриска зона Новини и Речица преку воспоставување на систем ОД ЗОНА ЗА ЗОНА.
Ќе креираме стимулативни политики и програми за поттикнување на локален економски развој со акцент на старт ап бизниси, иновативност и социјално претприемништво.
Ќе поттикнуваме занаетчиство кај младите преку промоција на занаетчиството и креирање мерки за подобри услови за занаетчиите и зголемена соработка со Занаетчиска комора.
По победата на 31-ви октомври, следува организирање, поддршка и учество на локални саеми, бизнис форуми и друг вид средби и манифестации за економско регионално мрежно поврзување, со цел промоција и развој на економијата, размена на искуства и поттикнување за инвестирање, но и градење партнерства со граѓанските организации преку мобилизација, вмрежување и поддршка за реализација на активности од јавен интерес – порачува Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.