Независниот кандидат за градоначалник, Макесим Димитриевски, во вечерашното гостување на Алсат М телевизија упати неколку прашања до Оливер Илиевски: Кој граде песок во Шупји Камен? Која е фирмата која експлоатира песок? Чиви се камионите кои го носат и по кој основ го прават тоа? Зошто вие како директор на јавно претпријатие кое е директно надлежно, не го спречувате тоа?
„Кои се луѓето кои финансиски стојат зад вашата кампања, директно луѓе кои се дистрибутери на возила во Куманово, фирми кои се инволвирани во процес на градење и градежни работи, кои ги купија најголем број од локациите и сакаат сега да им ги вклопите во новиот генерален урбанистички план. Јавно пред целата јавност кажувам локацијата “Ореов лад” е предвидена за детска градинка и никогаш нема да дозволам од позиција на градоначалник да никне нов стамбено деловен комплекс, како и на другите локации кои ги имаат пикирано. Кој е интересот, затоа водите таква екстремно скапа кампања, затоа имате пари да плаќате контингенти бекатон плочки и градежен материјал да го истоварате на ден на избори пред граѓаните, a потоа полициски службеници да се пријавуваат како сопственици на тој имот откако ќе се поведат постапки“, праша Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.