Денеска, на денот кога го прославуваме Христовото раѓање, Ви посакувам добро здравје, мир во душата, љубов и почит од најблиските и неизмерна среќа, порача градоначалникот на Куманово, Максим Димитревски во честитката за Божик.
Да пронајдеме радост во малите нешта, да си помагаме меѓусебно и да развиваме заедништво, кое ќе ни донесе успешни години на функционирање и работење.
Со благослов од Бога и вербата во подобри денови за сите нас, да продолжиме да чекориме по патот на сигурноста, надежта и сплотеноста.
Нека е за многу години големиот христијански празник Божиќ!
Христос се роди – Навистина се роди!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.