Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, на денешната прес-конференција информираше дека студентите и пензионерите од Куманово ќе имаат целосен бесплатен градски јавен превоз на територија на оваа општина.

Тој посочи дека ќе се дадат и поголеми можности на младите во градот преку отворање на младински центри, но и отворање на Tech-Center за млади на локација градски базен во Куманово, кадешто кровот на градскиот базен кој веќе е покриен ќе се формира Клуб за млади, каде ќе може да ги извршуваат своите активности.

Димитриевски потенцираше дека во моментов се работи на реконструкција на спортската сала, кој се финансира со средства обезбедени од страна на северо-историчниот плански регион. Овие средства и следуваат на општината согласно Законот за рамномерен регионален развој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.