Градоначаникот на Куманово, Максим Димитриевски со видео порака ја честиташе 2022 година.
Драги мои сограѓанки и сограѓани, ја испраќаме 2021 година на големи
предизвици, година во којашто сите сплотено одлучувавме за иднината.
Сакаме 2022 заедно да ја направиме година на успех, прогрес и развој на
нашиот град, да се живее помодерно, поурбано и поуспешно.
Во оваа прилика во мое лично име Ви го честитам претстојниот празник
Божиќ на сите Вас коишто го празнувате и раѓањето Христово, а на сите
граѓани на Општина Куманово, Ви ја честитам 2022 година и Ви посакувам
заедно да реализираме голем број на заеднички проекти коишто ќе бидат
проекти за нашиот град, за наши кумановчани и за сите нас, за наше
Куманово!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.