Надминување на проблемот со нефукционирањето на поштенската единица во најголемото долнореканско село Скудриње беше целта на денешната посета на директорот на Пошта, Јани Макрадули во Општина Маврово и Ростуше.

На средбата директорот Макрадули лично го запознав со состојбата со поштата во населеното место Скудриње, која не функцонира. Вети дека ќе стори се, во интерес на граѓаните во најбрз можен рок да почне постапката за отворање на поштата во Скудриње – стои во објавата на градоначалнкот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовск на Фејсбук.

Макрадули оценил дека по сите параметри и критериуми, селото ги исполнува условите да има единица на поштенска мрежа.

Поштенската единица функционирала повеќе децении. По затворањето, жителите на ова село за каква било поштенска услуга мора да патуваат до Дебар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.