Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска излезе со нови информации поврзани со аерозагадувањето.
Тој нагласи дека борбата за здрава животна средина и чист воздух е процес, кој бара координирана и интегрирана акција од сите чинители во општеството, од системски мерки на организациско или институционално ниво, до промена на некои навики кај секој од нас лично.
Тој е дециден дека надлежните не бегаат од одговорноста и секогаш се подготвени да одговорат на сите прашања поврзани со овој пробем кој сите не засега.
Факт е дека оваа година има значително намалување на бројот на денови со надминати среднодневни концентрации на РМ10.
Да укажам на некои податоци, секако нагласувам од оние мерни инструменти коишто припаѓаат на Државниот мониторинг центар и кои беа во функција
Или пак, ако зборуваме за максималната среднодневна концентрација, и покрај тоа што минатата недела имаше магла и 0 km/h ветер, немавме екстреми како 288, 329, 446 во минатото. Максималните беа 124, 120, во споредба со минатите години, кога биле и 326, 329, 340, 352 во Центар.Дали е доволно ниско, не. Но трендот на намалување е видлив-нагласи заменик министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.