Каде ли е Ден Дончев, се даваа ли пари под маса за провизии на вакцини, одговараа ли рекетарите, се заборави ли фабриката за пасоши и лажни идентитети?

Многу скандали и финансиски афери се плетат околу најбогатиот фонд во Македонија – Фондот за здравство. Здравството како да е најподложно на контаминирање со афери и криминал. Аферата со наводните провизии за набавка на кинеските вакцини, скандалот со поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, кој замина за Австралија, а беше посочен за потенцијален поткуп и случајот Рекет 2, и по една година немаат правна завршница.

Иако во јавноста излезе документ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини и тоа преку друга фирма не диретно кон кинеските власти, што е преседан само по себе, фирмата „Старби интернешнл“, чија дејност нема врска со било што од фармацевстката индустрија, требало да посредува за набавка на киенските вакцини, 7 милиони и 6 илјади долари исплатило МЗ на 15 февруари, како „гаранција“ за да се изврши резервација на целосната количина од 200.000 вакцини од Синофарм. Кинеските власти ги прекинаа активностите за испорака на вакцините, по што Владата ги побарала назад уплатените средства, дури потоа МЗ склучила во друг пат договор со Синофарм.

Деталите за тоа како се набавија вакцините и зошто имало обид преку приватна фирма да се набават вакцини, се уште остана нејасно, ниту пак се објавија детали за тоа зошто парите биле вратени назад и прекинати разговорите за набавка на вакцините. Јасно е само дека 200.000 вакцини кои требаше да бидат набавени уште пред крајот на 2020 година каснеа шест месеци на штета на македонските граѓани.

Каде е Ден Дончев?

За случајот „Диамед“, во кој по обвинувањата и обелоденетите документи во јавноста тогашниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев беше посочен како активен учесник во аферата која беше наречена „Рекет 2“. Постојат основани сомневања дека Дончев и актуелен министер од владата се обиделе да ја попречат продажбата на посочената компанија на странски инвеститор „Диаверум“ од Шведска, со што сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување според член 353 од КЗ.

Дончев секако дека ги отфрли овие обвинувања, па кратко по објавување на аферата си поднесе оставка поради, како што наведе тогаш, здравствени и семејни причини.

Не е јасно зошто Јавното обвинителство не постапуваше по допрен глас за оваа афера, па до сега ни траг и ни глас ни од Дончев ни од разврска за индициите за сторен криминал. Во меѓувреме се појавија снимки, на кои се гледа како Дончев зема поткуп, но ни тоа не беше доволно обвинителството да испита. Се претпоставува дека Дончев е во Австралија кај семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.